Top Sport

За да остане Салах, Ливерпул ќе го направат најплатениот фудбалер во Премиерлигата?

Најголемата непознаница за Ливерпул останува тоа дали Мохамед Салах ќе потпише нов договор за „црвените“, а според „ЕСПН“ ако во клубот сериозно сакаат да го заддржат најверојатно ќе мораат да го направат најплатениот фудбалер во Премиерлигата.

Поранешниот напаѓач на Рома има само уште 18 месеци од својот договор со клубот од „Енфилд“, и за разлика од неговите соиграчи (Виргил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и други) уште не се согласил на продолжување на договорот.

Според „ЕСПН“, Ливерпул би требало да бидат подготвени да го направат Египќанецот првиот фудбалер во Премиерлигата, потенцијално со плата над 500.000 фунти неделно, со што би се надминала и сумата која ја добива Кристијано Роналдо по камбекот во англискиот фудбал.

Scroll to Top