Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ, сепак, нема да заврши во Милан како што тврдеа италијанските медиуми, откако Вест хем понудиле 30 милиони евра на ЦСКА Москва за постојан договор, тврди „Гардијан“.
„Росонерите“ преговараа цело лето со рускиот премиерлигаш ова лето, и ги договорија личните услови, меѓутоа Милан инсистираше да се работи за позајмица со обврска за купување, додека Вест хем нудат кеш за директен трансфер.
Според „Гардијан“, „чеканите“ ќе платат 28 милиони евра плус бонуси за хрватскиот фудбалер, кој требаше да го замени Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“.
Стефано Пиоли, кој го доби Брахим Дијаз на уште едногодишна позајмица од Реал Мадрид, бара уште еден фудбалер од средниот ред и сега ќе продолжат преговорите со Порто за Жесус Корона и со Кротоне за Жуниор Месијас.