Top Sport

Ренџерс го доби првото „Олд Фирм“ дерби оваа сезона

Актуелните шкотски шампиони, Глазгов Ренџерс, продолжија со доминацијата над својот лут градски ривал, Селтик, победувајќи со 1:0 во првото „Олд Фирм“ дерби оваа сезона во четвртото коло на Премиерлигата на Шкотска.

Откако минатата сезона ја прекинаа шампионската низа на „зелените“ и ги добија сите меѓусебни дербија, тимот на Стивен Џерард (кој не беше на стадионот бидејќи е во самоизолација поради КОВИД-19) ја почна сезоната со неочекуван пораз од Данди јунајтед за крај на низата, но против своите најлути ривали на „Ајброкс“ еден гол беше доволен за победа.

Во 66. минута од мечот, по корнерот на Борна Баришиќ, Швеѓанецот Филип Холандер се најде на вистинското место за лудница на „Ајброкс“.

Scroll to Top