Вест хем јунајтед ќе се обидат да го намалат интересот на Манчестер јунајтед за нивната млада ѕвезда Деклан Рајс со поставување на цена од 100 милиони фунти за младиот фудбалер, тврди англискиот „Експрес“.
За Англичанецот во текот на летото беа заинтересирани и Манчестер сити, по неговите импресивни натпревари за првиот тим на „чеканите“, а Јунајтед дадоа понуда која беше одбиена.
20-годишниот Рајс ќе се вклопи во стратегијата на менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за носење на млади британски таленти на „Олд Трафорд“, и би можел да биде една алтернатива за Пол Погба, доколку тој го напушти тимот. Рајс од неодамна е и англиски репрезентативец, откако се „откажа“ од шансата да настапува за Република Ирска, за која играше во младинските категории.