Top Sport

Нов хорор-судир во Формула 2 – Мазепин и Мацушита завршија во болница (видео)

Формула 2 возачите Нобухару Мацушита и Никита Мазепин завршија во болница во нов хорор-судир во придружната серија на Формула 1 на патеката во Сочи.

Двојката се удри во ѕидот во првиот круг од трката, која беше одложена, но ФИА потврди дека двајцата не доживеале фрактури. 20-годишниот Мазепин, синот на рускиот милијардер Дмитриј Мазепин, на прв поглед, беше виновен за судирот, откако излезе надвор од патеката на втората кривина па се врати на патеката и го „закачи“ Џек Ејткен пред да го удри Мацуишита.

„Мацуишита и Мазепин се во болница, но и двајцата возачи немаат фрактури по инцидентот во првиот круг“, објави ФИА.

Несреќата се случува откако при инцидентот на Белгиското ГП на 31 август, Формула 2 возачот Антоан Убер загина по судирот на патеката Спа.

Scroll to Top