Вест хем објавија дека „интерно“ ќе се справат со својот дефанзивец Курт Зума, по шокантното видео на кое францускиот фудбалер шутира и малтретира една мачка.
Британскиот таблоид „Сан“ го објави видеото кое беше споделено на „Снепчет“ од неговиот брат Јоан во кое фудбалерот крева една мачка пред да ја шутне. Зума веднаш беше приморан да се извини.
„Сакам да им се извинам на сите кои беа вознемирени од видеото. Би сакал да ве уверам дека нашите две мачки се совршено здрави. Тие се сакани од целото наше семејство и овој инцидент беше изолиран и нема да се повтори“, објави Зума.
Вест хем најавија казна за него.
„Вест хем јунајтед без резева го осудува однесувањето на нашиот фудбалер, Курт Зума во видеото кое се појави на социјалните мрежи. Зборувавме со него и ќе ја средиме ситуацијата интерно, но јасно сакаме да посочиме дека не одобруваме суровост кон животни“, објавија од клубот.
A video obtained by The Sun allegedly shows footballer Kurt Zouma kicking and hitting his cat.
It’s absolutely disgusting and disturbing footage. I hope he is prosecuted for animal cruelty. pic.twitter.com/3K7xMeHh5j
— Emily Hewertson ?? (@emilyhewertson) February 7, 2022