Top Sport

Сколари: Кога почина татко му, Роналдо инсистираше да игра против Русија

Бразилската тренерска легенда, Луиз Фелипе Сколари во својата кариера работеше со некои од најголемите фудбалски ѕвезди на светот, и вели дека му се воодушевува на Кристијано Роналдо, кому имаше тажна обврска да му соопшти дека неговиот татко починал.

Сколари беше селектор на Португалија од 2003 до 2008 и со нив стигна до финалето на Еуро 2004, кога Португалија беше домаќин. Таткото на Роналдо почина во 2005 година, кога тој имаше само 20 години и беше во репрезентацијата подготвувајќи се за мечот со Русија.

„Тоа беше многу тешко, но тоа беше момент кој направи врска меѓу нас двајца, врска која ги надминува односите тренер-фудбалер. Кога пристигнаа вестите, пред мечот со Русија, никој не знаеше како да му каже и никој не сакаше да го направи тоа. Бидејќи знаев како е да се загуби родител, им кажав дека тоа е моја обврска. Беше тажно. Следниот ден тој одигра одличен натпревар и се врати во Португалија. Самиот побара да игра. Ми кажа: ‘Не можам да направам ништо за мојот татко, така што утре ќе играм, и потоа ќе одам’“, вели Сколари.

Тој додава дека е точно дека Роналдо не е најталентираниот фудбалер во историјата, но дека тоа го надополнува со посветеност и работа.

„Тој е најпосветениот фудбалер од сите кои сум ги запознал. Да, можеби не е најталентираните, но сигурно е најпосветениот. Тоа е првата вредност која ја помислувам за него“, додава Бразилецот.

Scroll to Top