Top Sport

Вест Хем понуди 45 милиони евра за Галахер, но Челси вели – малку е

Англискиот премиерлигаш Вест Хем се обидува да се засили од лондонскиот ривал Челси. Раководството на „чеканите“ понуди нешто повеќе од 45 милиони евра за играчот од средниот ред на англиската репрезентација Конор Галахер.

Новиот менаџер на Челси, Маурисио Покетино, го стави Галахер на трансфер-листа, но со напомена дека може да замине од „Стемфорд бриџ“ само доколку бидат задоволени финансиските услови што ги бара клубот.

Челси ја одби оваа прва понуда на Вест Хем. „Сините“ бараат околу 60 милиони евра за да ја дозволат продажбата на Галахер.

Scroll to Top