Top Sport

Вест хем се засилија со Санчез од Фиорентина

Вест хем го потврдија потпишувањето на двегодишен договор со 32-годишниот Колумбиец Карлос Санчез од Фиорентина, откако тој минатата сезона играше како позајмен играч во Еспањол.

Санчез се враќа во Премиер лигата откако играше две сезони за Астон вила од 2014 до 2016 година и е неверојатно деветто засилување ова лето за Вест хем и второ во последниот ден, откако Лукас Перез дојде од Арсенал.

„Среќен сум пред новиот предизвик. Решив да дојдам тука бидејќи се работи за Премиер лигата, и бидејќи Вест хем е клуб кој е познат по своите фанови. Имаме амбициозен тим за големи успеси“, вели Санчез, кој има 88 настапи за колумбиската репрезентација и беше дел од тимот кој играше во Русија оваа година.

Покрај Санчез и Перез, во Вест хем ова лето дојдоа уште Фелипе Андерсон, Џек Вилшир, Фабијан Балбуена, Андриј Јармоленко, Лукаш Фабијански, Рајан Фредерикс, Иса Диоп, како и младиот Ксанде Силва.

Scroll to Top