Top Sport

Годин го искористи Мурињо да добие подобрен договор со Атлетико!

Манчестер јунајтед не успеа да донесе засилување на одбраната пред крајот на преодниот рок во Англија, одбележан со понудата за уругвајскиот дефанзивец Диего Годин и неговото наводно одбивање и обезбедување на нов договор со Атлетико Мадрид.

Според „Сан“, агентот на Годин ги контактирал Јунајтед со понуда да потпишат со нивниот клиент, и дека договорот може да се направи со откуп на клаузулата од 25 милиони евра. Јунајтед подготвиле понуда, која агентот требало да ја однесе до бордот на Атлетико Мадрид.

Само неколку часа подоцна, се појавија вестите дека Годин ги „одбил“ Манчестер јунајтед, но и дека потпишал подобрен договор со Атлетико за 8 милиони евра годишно. Сега 32-годишниот Уругваец ќе има драматично поголема откупна цена од 25 милиони евра.

Од друга страна, Јунајтед ова лето нема да го паметат по засилувањата, откако не успеаја да ги привлечат Џером Боатенг, Хери Мевајр и Тоби Алдервирелд во „луда трка“ за засилување на одбраната на тимот.

Scroll to Top