Top Sport

Вест хем во јануари ќе го „бркаат“ Балотели

Марио Балотели може да има неочекуван кам-бек во Премиер лигата, ако се остварат најавите на францускиот весник „Л’Екип“ дека Вест хем го имаат „пикирано“ напаѓачот на Ница за јануарскиот преоден рок.

Контроверзниот Супер Марио, кој играше за Манчестер сити и Ливерпул  во ПЛ, во моментов е играч на Ница, и по сезоната во која имаше 26 гола беше блиску до трансфер во Марсеј, но на крајот од неговиот клуб објавија дека тој уште е под договор. Новиот тренер на Ница, Патрик Виера не е сигурен дали 28-годишниот Италијанец ќе остане во неговиот тим, а заинтересирани беа и Милан, Наполи и Борусија Дортмунд.

Сите ги одбива цената од 10 милиони евра, но Вест хем ги има потребните средства, а Ница ќе сака да го продаде во јануари, пред следното лето тој да стане слободен фудбалер. „Чеканите“ ова лето ги донесоа Фелипе Андерсон, Андриј Јармоленко, Иса Диоп и Џек Вилшир.

Scroll to Top