Top Sport

ЛЕ: Зенит со неверојатен 8:1 триумф во продолженија (видео)

Зенит Санкт Петербург успеа да направи комплетен пресврт на дуелот со белорускиот Динамо Минск, и да ги елиминира противниците во еден од најневеројатните мечеви во третото квалификациско коло на ЛШ

Зенит неочекувано загуби со 4:0 на гостувањето во Минск, меѓутоа благодарение на двата гола за пет минути на Артем Ѕјуба на 15 минути пред крајот дојде до идентичен резултат 4:0.

Сепак, во продолженијата, Сеиду Јахаја им донесе предност на гостите. Дриуси во 108. минута го зголеми водството на Зенит на 5:1, што уште беше недоволно за пласман понатаму поради повеќе постигнати голови на гости на Динамо. Во 118. минута, Артем Ѕјуба го комплетираше пресвртот со хет-трик со гол од пенал за водство од 6:1, со кое Зенит го обезбеди местото во баражот против Молде.

Сепак, тоа не беше крајот на возбудувањата на „Крестовски“ – Роберт Мак во 121. минута постигна гол од пенал, за само две минути подоцна да додаде уште еден гол за триумф од 8:1.

Малку помала драма имаше во Австрија, каде што ЛАСК Линц со 2:1 го совлада Бешикташ, но ова не беше доволно за пласман понатаму по 1:0 поразот во Истанбул. Бешикташ губеше со 2:0 до 90-тата минута и беше пред елиминација, пред Алваро Негредо прво да постигне гол, а потоа да добие и втор жолт картон за да биде исфрлен од игра.

Словенечкиот шампион, Олимпија Љубљана пак, стигна до 4:1 победа на гостувањето кај ХЈК Хелсинки за убедливо да оди во баражот, додека својот гол првенец за тимот го имаше македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски. Следни за Олимпија се незгодните Словаци, Спартак Трнава. Аврамовски стрелаше за 2:0 водство.

Севилја пак, без мака ја заврши работата на гостувањето во Литванија, совладувајќи ги Жалгирис со 5:0 за со вкупни 6:0 да обезбедат бараж против чешкиот Сигма Оломоуц во натпреварувањето во кое освојуваа три титули во низа.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 2.МЕЧ

ХЈК (Фин) – Олимпија Љубљана (Сло) 1:4, прв натпревар 0:3, вкупно 1:7

Копенхаген (Дан) – ЦСКА Софија (Буг) 2:1, прв натпревар 2:1, вкупно 4:2

Крајова (Ром) – РБ Лајпциг (Ром) 1:1, прв натпревар 1:3, вкупно 2:4

АПОЕЛ (Кип) – Хапоел Бер Шева (Изр) 3:1, прв натпревар 2:2, вкупно 5:3

ЦФР Клуж (Ром) – Алашкерт (Ерм) 5:0, прв натпревар 2:0, вкупно 7:0

Кукеши (Алб) – Торпедо Кутаиси (Гру) 2:0, прв натпревар 2:5, вкупно 4:7

Митјиланд (Дан) – ТНС (Вел) 3:1, прв натпревар 2:0, вкупно 5:1

Молде (Нор) – Хибернијан (Шко) 3:0, прв натпревар 0:0, вкупно 3:0

Судува (Лет) – Спартакс (Лет) 0:0, прв натпревар 1:0, вкупно 1:0

Жалгирис (Лит) – Севилја (Шпа) 0:5, прв натпревар 0:1, вкупно 0:6

Зенит Санкт Петербург (Рус) – Динамо Минск (Блр) 8:1 по продолжение, прв натпревар 0:4, вкупно 8:5

Луцерн (Шва) – Олимпијакос (Грц) 1:3, прв натпревар 0:4, вкупно 1:7

Макаби Тел Авив (Изр) – Пјуник (Ерм) 2:1, прв натпревар 0:0, вкупно 2:1

Динамо Брест (Блр) – Аполон (Кип) 1:0, прв натпревар 0:4, вкупно 1:4

ЛАСК Линц (Авт) – Бешикташ (Тур) 2:1, прв натпревар 0:1, вкупно 2:2, Бешикташ оди понатаму поради гол повеќе во гости.




Scroll to Top