Турскиот фудбалер Бурук Јилмаз од денес е играч на Лил. Искусниот напаѓач треба во нападот да го замени Виктор Осимхен кој се пресели во Наполи.
Јилмаз во Лил дојде од Бешикташ, а клубот не ги објави финасиските детали од договорот кој го потпиша 35 годишниот фудбалер.
Јилмаз два пати како играч на Галатасарај бил најдобар стрелец во Турција. Во кариерата постигнал преку 200 голови во турското првенство. За Турција одиграл 59 натпревари, постигнал 24 голови.