Сампдорија збележа важна победа во борбата за опстанок во Серија А. Самдорија, во 26.коло, го победи Емполи со 2:0. Екипата од „Луиџи Ферарис“ се оддалечи пет бода од опасната зона.
Головите со кои Сампдорија победи ги постигна ветеранот Фабио Кваљарела во 14. и 29.минута.
Кваљарела, кој пред 20 дена наполни 39 години влезе во одбрано друштво. Тој и уште седуммина други постигнале најмалку еден гол во 18 сезони по ред.
Покрај на Кваљарела ова им успеало и на Хосе Алфантини, Роберто Манчини, Алесандро Дел Пјеро, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Серџо Пелисие и Џани Ривера.
Кваљарела во Серија А дебитирал на 14.мај 2000 година во дресот на Торино.