Top Sport

Ветеранот Робињо потпиша за Башакшехир!

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан, Робињо е нов член на лидерот во турската Суперлига, Башакшехир, каде што доаѓа од Сиваспор.

„Клубот се договори со Сиваспор за трансфер на Робсон де Соуза“, се вели на официјалниот Твитер профил на клубот.

Робињо дојде во Турција во 2018 година од Атлетико Минеиро, откако во ноември 2017 година, италијанскиот суд го осуди на 9 години затвор за силување на 22-годишна Албанка во ноќен клуб во Милано.

Оваа сезона, Робињо има осум гола и две асистенции во 16 натпревари за Сиваспор.

Scroll to Top