Top Sport

Серена не освои ништо годинава, а во САД ја прогласија за спортист на годината

Американската тенисерка Серена Вилијамс е прогласена за најдобра спортистка за 2018 година во изборот на агенцијата „Асошиејтед прес“ и тоа петти пат во кариерата. Серена оваа сезона играше финале на Вимблдон и на УС Опен по враќањето на ВТА турнирите, откако претходно беше подложена на 4 операции во септември минатата година.

Помладата сестра Вилијамс сега е на чекор до прославената спортистка Бејб Дидриксон Захариас која шестпати се закити со ловориките како најдобра спортистка во САД, и во голфот, и во атлетиката.

Серена доби 93 гласа во изборот на американските уредници, а зад неа остана гимнастичарката Симоне Бајлс со 68 гласа. Трета беше кошаркарката Арике Огунбојл, а зад неа според гласовите се најдоа сноубордерката Клои Ким и пливачката Кејти Ледецки.

Интересно е тоа што сите спортистки што се најдоа во изборот оваа година освоија барем по една титула, освен Серена Вилијамс.

Scroll to Top