Top Sport

Ветување за враќање на Бензема во француската репрезентација

Мишел Мулан, еден од можните наследници на Ноел ле Грат на чело на Француската фудбалска федерација (ФФФ), вети дека ќе инсистира на враќање на Карим Бензема во француската репрезентација и покрај тоа што напаѓачот на Реал Мадрид ќе оди на судење за случајот со уценување со секс-лента на Матју Валбуена.

33-годишниот Бензема, и покрај фантастичната форма во Реал, не е викнат во репрезентацијата од ноември 2015, останувајќи на 81 настапи за „Лес блуз“, откако во јавноста се појави случајот со уцената на Валбуена, кога Бензема наводно се обидел да помогне на уценувачите пред пријателскиот меч против Ерменија пред пет години.

Мулан вели дека ќе бара селекторот Дидие Дешам да го врати Бензема во составот.

„Околу Карим Бензема, кој е одличен напаѓач, Дидие Дешам мора да сфати дека е вработен во ФФФ. Ако некој над него му каже да игра Бензема, тоа мора да се случи“, вели Мулан во интервју за „Фигаро“.

Бензема, пак, го обвинува Валбуена дека му го „влечка името низ кал“.

„Тој ми кажа дека нема да се жалел ако знаел дека јас сум вклучен. Подолго време јас сум неговиот најголем непријател, лош човек, криминалец, треба да сум казнет, моето име и името на моето семејство да се влечка низ кал. Мора да ја каже вистината за тоа што се случи“, изјави Бензема во мај 2017.

Бензема на суд поради „случајот Валбуена“

Scroll to Top