Top Sport

Вицел го одбил Јунајтед за да потпише за Борусија

Агентот на Аксел Вицел вели дека Белгиецот го одбил тимот на Манчестер јунајтед пред да потпише за Борусија Дортмунд, бидејќи таму би се чувствувал поценет.

Според агентот Пол Стефани, играчот од средниот ред бил на листата на желби на Жозе Мурињо, пред да се договори за враќање по една сезона во Кина во Европа во договор вреден од 20 милиони евра. Стефани вели дека и тој го убедувал Вицел да не потпишува со англискиот клуб.

„Разговаравме и во еден момент Аксел ми кажа: ’Можеби сакам да заминам од Кина’. Му ветив дека ќе му најдам одличен тим, и се потсетив дека неколку месеци претходно разговарав со луѓето во Дортмунд, кои бараа таков фудбалер. Цената од 20 милиони евра беше прифатлива за нив. Имаше и други кандидати. Манчестер јунајтед го сакаа, а и Наполи. Но, му кажав: ’Во Дортмунд ќе бидеш број 1, во Манчестер еден од многу’“, вели Стефани.

Дортмунд го врати Вицел во Европа

Scroll to Top