Аксел Вицел го постигна единствениот гол на германското дерби помеѓу РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, враќајќи ги „милионерите“ на шест поени предност пред Баерн Минхен во интересната трка за титулата во Бундеслигата.
Во 19-тата минута од мечот на „Ред бул арената“, Белгиецот се најде на вистинско место по еден корнер, за да го постигне единствениот гол на мечот.
Борусија е прва со 45 поени пред Баерн на 39, трети се Борусија Менхенгладбах со 36 поени. Лајпциг остануваат четврти со 31 поен, само еден повеќе од Ајнтрахт на петтото место.
Фото: ЕПА