Top Sport

Арсенал подобар во лондонската пресметка со Челси (видео)

Арсенал со 2:0 го победи Челси во саботното лондонско дерби во Премиер лигата, резултат кој ги оддалечува „сините“ од борбата за титулата, и во исто време ја „вжештува“ борбата за четвртото место кое носи во Лигата на шампионите.

Александер Лаказет во 14. минута од мечот се „прошета“ во шестнаесетникот на Челси за да постигне убав гол, а во 39. минута повратникот во првиот тим Лорен Косиелни постигна чуден гол со рамо за удвојување на предноста.

Со овие три бодови, Арсенал се врати на петтото место на табелата со 44 поени (колку што има и шестопласираниот Манчестер јунајтед), и само три помалку од Челси (47). Тотенхем е трет со 48 поени и натпревар помалку, додека Ливерпул е далеку на првото место со 60 поени. Ова значи дека четири клуба (Арсенал, Челси, Тотенхем и Манчестер јунајтед) би требало да се борат за третото и четвртото место на табелата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top