Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал потврдува дека би бил среќен да игра за Јувентус под Андреа Пирло, но исто така признава дека Антонио Конте е „тактички најдобриот тренер на светот“.
Во разговор со јутјуберот Даниел Хабив, Чилеанецот зборуваше за следниот чекор во неговата кариера, откако во Барселона му кажаа дека е „непожелен“, и признава дека би сакал да биде повикан од неговиот поранешен соиграч Пирло.
„Навистина е спектакуларно што тој стана тренер на Јувентус. Беше неверојатен како фудбалер, можеме да замислиме каков ќе биде како тренер. Има вистинска визија за спортот каква што ретко кој имаше, така што никој не се сомнева дека ќе биде добар. Поминавме четири години заедно и освоивме четири скудета, така што ако тој ми се јави, би било супер“, вели Видал.
Првите три од тие четири титули беа освени под Конте, кој според италијанските шпекулации сака да го види во Интер.
„Конте е како машина, тој е тактички најдобриот тренер. Опуштен сум околу мојата иднина и ќе видиме што ќе се случи. Многу ја сакам Барселона, но ќе видиме“, вели Видал.