Top Sport

Бостон ги „здробија“ Репторс за водство во полуфиналето на Истокот

Бостон селтикс стигнаа до импресивна 112:94 победа над актуелниот НБА шампион, за да поведат со 1:0 во полуфиналето на Источната конференција по меч во кој доминираа од почеток до крај.

Селтикс започнаа фуриозно и по првата четвртина имаа предност од 39:23, за на полувреме да имаат 17 поени предност. И покрај подобриот старт на третата четвртина за Репторс, камбекот беше невозможен.

Џејсон Тејтум го заврши мечот со 21 поени 9 скока, Маркус Смарт имаше исто така 21 поен, од кои пет тројки, додека Кемба Вокер додаде 18, а Даниел Тајс заврши со 13 поени и дури 15 скока.

Scroll to Top