Top Sport

Видал е во Милано, утре ќе потпише со Интер

Артуро Видал утре ќе ја официјализира соработката со Интер. Репрезентативецот на Чиле вечерва пристигнал во Милано. Лекарските прегледи се закажани за утре, кога ќе ги мине ќе го потпише договорот.

Според италијанските медиуми Видал со Интер договорил три годишна соработка.

Видал замина од Барселона откако новиот тренер Роналд Куман му кажал дека нема да смета на него во новата сезона. Поради тоа Барселона ќе добие само 1.000.000 евра од овој трансфер, плус одредени бонуси кои ќе зависта од бројот на одиграни натпревари и освоени трофеи.

Видал по пет години се враќа во Серија А, каде што во периодот од 2011 до 2015 година го носеше дресот на Јувентус, потоа играше во Баерн и Барселона.

 

Scroll to Top