Top Sport

Видал поднел тужба против Барселона

Артуро Видал поднел тужба против Барселона. Чилеанецот тврди дека клубот му должи пари. Тужбата адвокатите на фудбалерот ја поднеле на 5 декември

Артуро Видал од Барселона бара да му биде исплатен бонус од 2,4 милиони евра, бидејќи ја исполнил квотата на настапи.
Според договорот тој треба да добие бонус доколку одигра најмалку 60 натпревари и на секој од тие натпревари биде на теренот најмалку 45 минути.

Барселона тврдат дека Видал не ги исполнил тие услови од договорот, за разлика од фудбалерот кој бил убеден дека си ги заработил парите.

Шпанските медиуми шпекулираат дека со овој потег на Видал сака да изврши дополнителен притисок врз клубот за да му биде дозволено во јануарскиот преоден рок да замине од „Ноу Камп“.

Scroll to Top