Top Sport

Видал пред трансфер во Фламенго

Чилеанскиот ветеран Артуро Видал е пред трансфер во бразилскиот Фламенго, тврди „Калчомеркато“, додавајќи дека Интер ќе го пуштат на слободен трансфер.

34-годишниот Видал не ја криеше желбата да се приклучи на бразилскиот клуб, откако минатиот месец објави фотографија во дрес на Фламенго, по што доби илјадници пораки од фановите на клубот.

Интер се подготвени да го пуштат Видал една година пред крајот на неговиот договор, бидејќи неговата годишна плата од 9.5 милиони евра претставува товар за буџетот на клубот. Покрај тоа, во неговиот договор има клаузула со која Интер може да го раскине договорот во јули ако му исплати 4 милиони евра.

Scroll to Top