Top Sport

Видал се договорил со Интер

„Видал кажа Да“, оваа е насловот во денешното издание на „Газаета дело Спорт“ со кој весникот го најавува трансферот на Артуро Видал во Интер. Чилеанецот долго време се поврзува со Интер, тренерот Антонио Конте инсистира на неговиот трансфер, потребен му е физички силен фудбалер во редот за врска.

Видал побара од Барселона да му биде раскинат договорот, за да стане член на Интер адвокатите ќе треба да си ја завршат својата работа. Прашање е дали Видал ќе добие дозвола, каква што доби Иван Ракитиќ, без обесштетување но со одреден бонус што треба да биде исплатен во наредните две години, да го напушти „Ноу Камп“.

Чилеанецот со Интер договорил две годишна соработка, со можност таа да биде продолжена за уште една сезона. Видал ќе игра за годишна плата од 6.000.000 евра, што значи дека ќе биде еден од најплатените фудбалери во тимот.

Scroll to Top