Top Sport

Мурињо првпат на „Олд Трафорд“ по отказот: Не е лесно!

По првите настапи во новата сезона на Ливерпул и Манчестер Сити многумина тврдат дека борбата за титула пак ќе се одвива меѓу овие два има.

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо вчера во живо ја гледаше победата на Сити кај Вест Хем од 5-0

„Четири екипи може да дојдат до титулата. Сити, Тотенхем, Ливерпул и Сити Б-екипа. Кога вчера ја погледнав нивната клупа, мислам дека и тие би се бореле за титулата“ – изјави Мурињо.

Португалецот денеска првпат се враќа на „Олд Трафорд“ по отказот, како студиски аналитичар на „Скај Спортс“. Ќе се состанат Јунајтед и Челси, двата клуба кои последни ги водеше во кариерата.

„Мислам дека нема да се држи во борбата за титулата. Во фудбалот е се можно, но фаворит е екипата која освои се во Англија и освојувачот на Лигата на шампионите. Ова не е лесен ден за мене. Првпат се враќам на „Олд Трафорд“ по отказот, а моите два екс-клубови играат“ – рече Мурињо.

Scroll to Top