Артуро Видал, репрезентативецот на Чиле е еден од оние фудбалери на кои тренерот Роналд Куман нема да смета во новата сезона. Видал е во потрага по нов клуб, а најверојатно ќе се врати во Серија А.
Покрај Видал Барселона ќе ја напуштат Луис Суарез и веројатно Лионел Меси.
„Во клубот проблемот не е само во играчите, јасно е дека работите не одат на повисоките нивоа. Клубот мора да се подобри. Не е лесно да се сменат некои работи. Барселона мора да го смени начинот на размислување, мора да разбере дека фудбалот еволуираше. ДНК на Барселона веќе заостанува зад другите тимови. Физичкиот аспект во фудбалот сега е многу повеќе застапен, потребни се сила и брзина, техниката често е во втор план. Не може Барселона во тимот да има 13 професионални играчи, а другите да бидат јуниори. Не затоа што јуниорите тоа не го заслужуваат, туку затоа што во секој тим треба да постои конкуренција, играчите треба да се борат за место во првите 11. Играчите не треба да бидат сигурни дека се недопирливи“, рекол Видал.
33 годишниот фудбалер проговорил и за катастрофалниот пораз од Баерн (2:8) во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
„Пред мечот верував дека можеме да поминеме. Јасно е дека работите во клубот не се најдобри. Ние правевме грешки, а од друга страна беше среден клуб, тим со победнички менталитет, со физички подготвени фудбалери и со одлична тактика. Уште кога ќе додадете на ова дека ние бевме слаби во главите и имавме помалку енергија, се случи тоа што се случи“, заклучил Видал.