Кога сакате некој клуб, тогаш не е ни битно во кој ранг се натпреварува тој. Полскиот фудбалски клуб Видѕев Лоѓ пред четири години банкротираше и поради тоа беше исфрлен во последното по ранг натпреврување во земјата – петте лига.
Сепак клубот до себе ја задржа армијата навивачи кои денеска на Европа и светот им покажуваат како се сака својот клуб.
Видѕев сега стигна до трета лига во Полска, но го сруши рекордот по бројот на продадени сезонски билети – досега 16.233.
Интересно е да се види стадионот на полскиот клуб, инаку четирипати шампион на земјата и полуфиналист на Купот на шампиони од 1983 години каде беа запрени од Јувентус, кој има капацитет од 18.000 места.