Top Sport

Кај кошаркар на Партизан е најдена дрога, му се закануваат 10 години затвор

На новото засилување на белградскиот кошаркарски клуб Партизан, Рашон Томас му се заканува десетгодишна затворска казна. Крилниот кошаркар кој ова лето потпиша за белградските „црно-бели“ е уапсен во Тексас, откако по рутинска контрола на полицијата, во автомобилот кај него била пронајдена дрога.

Кај Томас биле пронајдени неколку пилули екстази, 3,5 грама марихуана и две шишиња масло од канабис.

Кошаркарот возел автомобил марка „киа оптима“, па веднаш штом ги отворил прозорците, полицаецот ја почувствувал марихуаната, затоа што кошаркарот ја користел во текот на возењето.

Американскиот кошаркар е пуштен од затвор со кауција од 32.000 долари, но ќе мора да се појави на суд затоа што против него е поднесена пријава. Му се заканува десетгодишна затворска казна.

Scroll to Top