ПСЖ го победи Мец со 3:1 во 17. коло од францускиот шампионат. Трите гола фудбалерите на актуелните шампион ги постигнаа во второто полувреме.
Витиња го доведе ПСЖ во водство во 49. минута, Килијан Мбапе во 61. да зголеми на 2:0. Матие Удол ја врати надежта кај гостите со гол во 72. минута, но Мбапе ги расчисти сите сомнежи со вториот гол на натпреварот во 83. минута.
На крајот од натпреварот тренерот на ПСЖ, Луис Енрике му даде шанса на Итан Мбапе, 16-годишниот помлад брат на многу попознатиот Килијан Мбапе.
Итан игра како дефанзивен и централен играч за врска, а Килијан и тој пристигнаа во ПСЖ приближно во исто време, пред шест години. Итан е незаменлив играч во јуниорскиот тим на ПСЖ, во кој од првата минута го започна секој натпревар во младинската Лига на шампиони оваа сезона.
16 year old Ethan Mbappé made his competitive PSG debut tonight vs Metz
byu/cue-panic insoccer