Фудбалерите на Барселона славеа победа во дуелот со Атлетик од Билбао со резултат 1:0, во натпреварот од 10. коло на Ла Лига.
Херој на Блауграната беше младиот Марк Гиу, момче родено 2006 година, за кого овој меч беше деби во дресот на славниот клуб.
Гиу во игра влезе во 79. минута наместо Фермин Лопес, а една минута подоцна ја затресе мрежата на гостите од Баскија.
Тој влета во празниот простор, а потоа рутински ја искористи шансата и го измами репрезентативниот голман Унај Симон.
Барселона со овој триумф повторно стигна до третото место кое го држи со 24 бодови, додека Билбао е шести со седум бодови помалку.
Foto/ EPA