Фудбалска треска ја тресе Турција откако египетската суперѕвезда Мохамед Салах пристигна во Трабзон, потврдувајќи еден од најзначајните трансфери во историјата на турскиот фудбал.
Неговото пристигнување предизвика еуфорија кај навивачите и одекна во меѓународните спортски медиуми.
Светската ѕвезда полета од Грција, а неговата прва дестинација беше Истанбул. Клубот објави дека Салах ќе слета на терминалот на аеродромот Ататурк. Илјадници навивачи го преплавија аеродромот за да му посакаат добредојде. Откако излезе од авионот, Салах ја поздрави публиката и го предводеше навивањето, по што отиде на лекарски преглед во автомобилот на претседателот на клубот Ертугрул Доган.
O bize, biz ona hayran 🤷♂️ pic.twitter.com/8Q3GCHu1C6
— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026
По успешните прегледи, тој отпатува за Трабзон, каде што доцна синоќа, спектаклот кулминираше. Клубот претходно ги замоли навивачите да не користат приватни автомобили поради безбедноста и сообраќајните метежи и да ја ограничат употребата на пиротехнички средства.
Откако приватниот авион слета на аеродромот во Трабзон, илјадници навивачи му приредија незаборавен прием со навивање и песни. Во придружба на претседателот Доган, Салах ентузијастички го предводеше навивањето, а потоа им се обрати на навивачите.
Tarihi an, tarihi üçlü 👑 pic.twitter.com/ZXUYuLJ2mv
— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026
Мохамед Салах е познат како еден од најуспешните фудбалери во последната деценија. Во Премиер лигата, четири пати беше најдобар стрелец, двапати најдобар асистент, а двапати беше прогласен за играч на сезоната.
Со Ливерпул освои две титули во англиското првенство, Лигата на шампионите, ФА Купот, еден Лига Куп, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Одигра 442 официјални натпревари за англискиот клуб, постигна 257 гола и забележа 123 асистенции.
Салах со Трабзон потпиша две годишен договор. По сезона ќе заработува 17 милиони евра, со можни пет милиони како дополнителен бонус.
Foto/ EPA
