Top Sport

(ВИДЕО) Абази донесе триумф за Шкупи против Брера

Шкупи ја победи Брера со 1:0 во првиот меч од седмото коло во Првата фудбалска лига. На Чаир, домашните дојдоа до триумфот со голот на Луан Абази во 69.минута.

Во 69. минута, по корнерот од левата страна, се создаде мешаница, Дарко Илиески умешно ја врати топката во петерецот, а Луан Абази успеа да постигне погодок за триумф.

Димитар Трајков само пет минути претходно можеше да донесе водство за Брера, но го погоди десниот дирек.

Трапановски исто така имаше шанса за Шкупи, но Алчевски одлично одбрани.

Scroll to Top