Top Sport

(Видео) Алегри му се налути на Фабрегас: Ти си идиот, лигавец што вчера стана тренер

Натпреварот помеѓу Милан и Комо (1:1), во Серија А го обележа неспортскиот потег на гостинскиот тренер, Сеск Фабрегас.

Во 80-та минута, Шпанецот, од тренерската позиција, од својот ограничен простор, го повлече за дрес играчот на „росонерите“, Алексис Салемакерс, и со тоа го забави во ситуација кога веќе беше удвоен и ја загуби топката.

Оваа ситуација предизвика бурни реакции од клупата на Милан.

Тренерот на домашниот тим, Масимилијано Алегри, беше најгласен, веднаш протестираше кај судијата и го повика да го санкционира Фабрегас, но се случи спротивното – Алегри беше исклучен поради бурните протести, но и поради фактот што тргна кон својот помлад колега.

Фабрегас заработи само жолт картон.

Судијата Маурицио Маријани, очигледно, не го виде неспортскиот потег на Шпанецот, кој, за она што го направи се извини на прес-конференцијата.

„Сакам повторно да се извинам. Алегри ме нападна жестоко и тоа беше несоодветно, но и јас би бил лут во таа ситуација. Му се извинувам на господинот Алегри. Веќе му се извинив на Модриќ“.

Неговата изјава, сепак, не ги смири страстите.

Штом излезе од прес-салата, Алегри повторно вербално го нападна. Италијанските новинари сведочат дека тренерот на Милан му се развикал на Фабрегас: „Ти си идиот, ти си идиот, лигавец што вчера стана тренер!“, пишува „Тутомеркато“.

Патем, Алегри има 58 години, а Фабрегас има 38 години.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');