Top Sport

(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа

Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Разликата меѓу Реал и Атлетико остана еден бод, а утре доколку Барселона победи ќе се доближи на бод до Атлетико и два до Реал.

Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите беа многу поопасни во првиот дел, кога ништо не функционираше во играта на Реал. Тактиката на Чоло Симеоне целосно ги исклучи од играта на Реал Винисиус и Мбапе. Единствен кој се обидуваше да направи нешто беше Родриго. Реал не упати удар во рамките на голот на Атлетико во првиот дел.

ВАР во 35. минута се огласи по стартот на Чуамени врз Лино. Хулијан Алварез со паненка го постигна првиот гол во градските пресметки.

По голот, кога нервозата се вовлече во играчите на Реал, Атлетико имаше три опасни напади, два пати одлични реагираше Чуамени, кој ги блокираше ударите на Лино и Алварез, а ударот на Галан, кој гаѓаше во спротивниот агол заврпи крај голот.

Во вториот дел Реал излесе со отворен гард, се редеа нападите пред голот на Алтеико. Израмно Мбапе во 50.минута, откако Хименез го блокира ударот на Белингем, Французинот од 10 метри ја погоди целта.

Веќе во следниот напад Белингем ја погоди гредата, а десетина минути подоцна Англичанецот во чиста позиција лоши биеше со глава и му овозможи лесна интервенција на Облак. Реал до крајот имаше уште една опасна акција, кога од 20 метри ударот на Родриг заврши крај голот.

Атлетико во вториот дел и покрај тоаш што беше дефанзивно оријентиран, имаше четири-пет опасни напади, но секогаш недостигаше завршното додавање.

Scroll to Top