САД и Бразил ремизираа 1:1 во пријателски натпревар пред стартот на Копа Америка.
Пред повеќе од 60.000 гледачи на стадионот во Орландо, двата гола беа постигнати во првото полувреме.
Бразилците поведоа во 17. минута преку Родриго. Асот на Реал Мадрид погоди по асистенција на Рафиња.
Само девет минути подоцна Кристијан Пулишиќ, со гол од слободен удар го изедначи резултатот.
Во второто полувреме, Бразилците доминираа, но и покрај 26-те удари кон голот на Американците, не успеаја да остварат победа.
Копа Америка започнува на 20 јуни. Ќе се игра во Соединетите Американски Држави, а титулата континентален шампион ја брани Аргентина.