Top Sport

(Видео) Антоан Гризман стана најдобар стрелец во историјата на Атлетико

Реал Мадрид синоќа во Ријад, по 120 минути игра го победи Атлетико со 5:3 и се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Овој натпревар никогаш нема да го заборави најдобриот играч на Атлетико, Антоан Гризман. Во Ројад, тој стана најдобриот стрелец во клупската историја.

Францускиот ас, во 37.минута, изведе брилијантна соло акција, ги фрли на тревата Модриќ и Ридигер и од работ на шеснаесетникот со десна го совлада Кепа.

Тоа беше негов 174 гол за Атлетико, на вечната листа го мина легендарниот Луис Арагонес и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Scroll to Top