Точно напладне „Кралскиот клуб“ на свечен начин и официјално го објави доаѓањето на турскиот тинејџер Арда Ѓулер (18) кој допатува од Фенербахче.
Според стариот добар обичај, кога Реал ќе го претставува нов играч, неговото семејство е присутно во свечената сала на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Тој свечен чин не треба да се пропушти.
Во еден момент мајката на малиот Арда почна да плаче, долго време не можеше да ги задржи солзите, па мораше да интервенира нејзиниот син. Тој и ги избриша солзите од лицето.
Потоа и тој се збуни: го слушна своето име додека претседателот Флорентино Перез држеше говор, па му се придружи на говорницата иако уште требаше да чека на своето место – и така застана до првиот човек на клубот додека тој им се обраќаше на присутните.
Таа сцена слатко насмеа многу луѓе.
Miscommunication 😅| Arda Guler went on the stage before Florentino could finish his speech. pic.twitter.com/NeSTe04joh
— Real Madrid Info ³⁵ (@RMadridInfo) July 7, 2023
Арда во Мадрид, пристигна како фудбалско чудо што Реал има намера да го произведе во својата нова ѕвезда.
Времето работи за него. Со себе донесе неверојатен талент од Турција, а со заминувањето во Мадрид на својот поранешен клуб на име на трансферот му обезбеди близу 20 милиони евра.
– Guler with his mother, sister, father and Perez 🤍#RealMadrid #HalaMadrid #ArdaGuler pic.twitter.com/kp89baxOPw
— Football Nation (@SifaHub1) July 7, 2023
Арда Ѓулер од скоро е турски репрезентативец, веќе има постигнато гол за репрезентацијата, а во Реал првично ќе работи со вториот тим, Кастиља, а потоа во зависност од тоа како ќе напредува ќе му се приклучи на најсилниот тим.
На 18. годишна возраст, Арда е веќе голема ѕвезда во Турција: има 2,2 милиони следбеници на Инстаграм.
За Фенербахче настапи 51 пат, постигна девет гола и имаше 12 асистенции.
За турската репрезентација дебитираше во 2022 година на 17 години, а на 19 јуни стана најмладиот стрелец на репрезентацијата во историјата.