Top Sport

(Видео) Аргентина победи во Бразил

Фудбалерите на Аргентина го победија Бразил на Маракана со 1:0, во дербито од шестото коло од квалификациите за СП 2026 година.

Стрелец на единствениот гол беше Николас Отаменди во 63. минута по центаршут од корнер на Џовани Ло Салсо.

Натпреварот го одбележаа инциденти на трибините, при што бразилски полицајци тепаа гостински навивачи.

Аргентинците останаа во соблекувалната половина час и се вратија на терен дури откако се се смири.

Актуелниот светски шампион води на табелата со 15 бодови, додека Бразил е само шести со седум освоени бодови.

Домашните останаа со десетмина на теренот во 81. минута, кога Жоелингтон доби црвен картон, а немаше промена во резултатот.

Бразил следниот натпревар го игра против Еквадор, додека Аргентина ќе се соочи со Чиле.

Scroll to Top