Top Sport

(Видео) Арсенал на пенали го освои Комјунити шилд

Арсенал го победи Манчестер сити и го освои трофејот во Суперкупот на Англија (Комјунити Шилд). Арсенал по изведувањето на пенали го совлада големиот ривал.

Арсенал му го украде трофејот на Сити, откако успеа да го израмни резултатот во 101.минута.

Дуелот на шампионот и вице-шампионот не донесе спектакуларен фудбал. И Гвардиола и Артета тактизираа. Сити го контролираше поседот во првиот дел, но без никаква закана кон голот на Рамсдејл. Во првиот дел Хаверц не реализираше две добри шанси за Арсенал.

Во вториот дел играчите на Арсенал повеќе ја имаа топката кај себе, но не создадоа сериозна шанса. Второто полувреме Сити го играше без Халанд и Грилиш. Гвардиола реши да ги извади од теренот.

Во 77.минута Палмер постигна спектакуларен гол за предност на „граѓаните“.

Арсенал израмни во 101.минута, Тросар шутираше, топката го закачи Аканџи, го смени правецот и заврши во мрежата.

Во пенал серијата, сите играчи на Арсенал беа прецизни, додека кај Сити, Де Брујне ја погоди гредата, а ударот на Родри го одбрани Рамсдејл.

Арсенал го освои 17. трофеј во Комјунити шилд и на вечната листа го прескокна Ливерпул. арсенал нема пораз во Комјунити шилфд од 2005 година.

Scroll to Top