Во последните натпревари од Премиер лигата во 2023 година, клубовите од северен Лондон запишаа победа и пораз. Тотенхем победи на домашен терен против Бурнмаут со 3:1, додека Арсенал беше поразен на гости кај Фулам со 2:1.
Она што му се случува на Арсенал сега, на крајот на календарската 2023 година, неодоливо потсетува на пролетта оваа година, кога испаднаа од трката за титулата. на. Во неколку дена доживеаја два порази од ривалите од Лондон. Пред неколку дена Вест Хем го порази Арсенал, а неколку,часа пред Новата гоидна „тобџиите“ запишаа пораз и од Фулам.
На „Крејвен Котиџ“, Арсенал имаше водство но накрајот загуби од Фулам со 2:1
Се одеше добро за Топџиите, кои поведоа уште во петтата минута со голот на Букајо Сака. Фулам изедначи во 29. минута со голот на Раул Хименез.
Фулам пресвртот го комплетираше во 60. минута преку Де Кордова-Рид. Арсенал до крајот не успеа да постигне гол.
Тотенхем дојде на бод до најлутиот ривал, откако го совлада Борнмат со 3:1. Спарс беа доминантни во поголемиот дел од натпреварот, а Џовани Ло Селсо го предводеше тимот со два аситенции, за головите на Сар во деветтата и Сон во 72. минута. На 3:0 зголеми со Ришарлисон во 80. минута.