Top Sport

(Видео) Арсенал победи во Брајтон, Сити киксна против „Шумарите“, Жоао Педро ја растури Астон Вила

Арсенал победи во Брајтон, а Манчестер Сити не успеа да слави против Нотингем Форест, во 29-то коло, во кое гостински победи забележаа Челзи и Вест Хем.

„Топџиите“, во Брајтон, поведоа во деветтата минута, кога Сака влезе во средината и шутираше кон голот, а Фербруген лошо интервенираше, бидејќи топката му помина низ нозете наместо да забележи рутинска интервенција.

Претходно, Брајтон можеше да поведе веднаш на почетокот од натпреварот, кога Раја направи грешка во додавањето, Балеба реши да го лобува, но Габриел успеа да ја исчисти топката од гол-линијата и да го спаси својот тим.

Арсенал не покажа врвна игра, но дојде со три бода и ја оствари својата цел. „Галебите“ беа многу поопасни пред голот на гостите, но не успеаја да го најдат пат до мрежата на Арсенал.

Во истиот термин, Манчестер Сити загуби два бода на свој терен од Нотингем Форест (2:2), по што Арсенал со натпревар повеќе стекна предност од седум бода.

„Граѓаните“ два пати водеа, но не успеаја да победат. Сити поведе преку Семењо, а Гибс-Вајт го израмни резултатот во 56-та минута.

Уште еднаш, тимот од „Етихад“ поведе благодарение на голот на Родри, но дури ни тоа не беше доволно за побед а над „шумарите“. Новото израмнување дојде по голот на Андерсон, а Сити не успеа да ги освои сите три бода до крајот на натпреварот. Тоа можеше да се случи во последните секунди од натпреварот, но ударот на Силва беше исчистен од гол-линијата.

Премиер лига, 29-то коло

Среда:

Астон Вила – Челзи 1:4 (1:2)
(Даглас Луиз 2 – Жоао Педро 35, 45+6, 64, Палмер 55)

Брајтон – Арсенал 0:1 (0:1)
(Сака 9)

Фулам – Вест Хем 0:1 (0:0)
(Самервил 65)

Манчестер Сити – Нотингем Форест 2:2 (1:0)
(Семењо 31, Родри 62 – Гибс-Вајт 56, Андерсон 76)

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');