Top Sport

(Видео) Арсенал победи во Нотингем, Лутон го растури Брајтон, Палас со пресврт го совлада Шефилд

Фудбалерите на Арсенал, со победата на Сити граунд во Нотингем (2:1) направија одлична увертира пред дербито со Ливерпул.

По првото полувреме во кое немаше голови, играчите на Арсенал во вториот дел го засилија темпото и се повеќе го стегаа кругот околу домашната одбрана. Габриел Жесус погоди за 0:1 во 65.минута, a седум минути Бразилецот му асистираше на Сака за 0:2. Форест во 89.минута успеа само да го намали резултатот.

Ова коло го обележа Лутон кој го декласира Брајтон со 4:0. По само 180 секунди игра Лутон имаше предност од 2:0 со головите на Адебајо и Огбене. До крајот на натпреварот Адебајо го комплетираше хет-трикот.

Во дербито на колото Астон Вила по речиси една година доживеа пораз на домашен терен. Њукасл, предводен од швајцарскиот репрезентативец Шер победи со 3:1. Шер ги постигна првите два гола, а судбината на Вила ја запечати Морено со авто-гол. Почесниот гол за Вила го постигна Бејли.

Кристал Палас и Шефилд јунајтед одиграа спектакуларен натпревар. Шефилд дојде до предност по само 21 секунда со голот на Чилеанецот Беретрон Дијаз. Палас на крајот победи со 3:2, благодарение на Олисе, кој напрвин два пати му асистираше на Езе, а потоа го постигна голот за победа.

Без голови заврши мечот Фулам-Евертон.

Scroll to Top