Top Sport

(ВИДЕО) Арсенал во финишот со два гола го скрши Јунајтед

Арсенал го доби драматичното дерби против Манчестер Јунајтед на „Емирати“ со 3:1 и стигна до третиот триумф во Премиерлигата оваа сезона. „Топчиите“ имаа фантастилен финиш и постигнаа два гола во судиското продолжение. Деклан Рајс во 96.минута постигна водечки гол за 2:1, а Габриел Жесус во 101.минута го потврди триумфот за тимот на Микел Артета.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Маркус Рашфорд во 27.минута, но возврати Мартин Одегард само една минута подоцна. Долго двете екипи бараа втор гол, Букајо Сака имаше одлична шанса, но одбрани Андре Онана, а Гарначо постигна погодок, но не беше признат поради офсајд ситуација по разгледување на ВАР – снимката.

Scroll to Top