Top Sport

(Видео) Арсенал за 10 минути ја „скрши“ Астон Вила

Фудбалерите на Арсенал ја победија Астон Вила со 2:0 на гостински терен во второто коло од Премиер лигата.

Арсенал ја забележа втората победа сезонава, додека Вила го претрпе првиот пораз.

И двете екипи имаа шанси во текот на овој прилично израмнет натпревар, а можеби дури и домаќинот беше поконкретен.

Се заканија Воткинс и Онана, но промена на резултатот немаше. Арсенал знаеше како да ги казни промаувањата на Вила.

Само неколку минути по одличната шанса на Дуран, Тросар во 67. минута ја затресе мрежата на Мартинез и им донесе водство на „Топџиите“.

Десетина минути подоцна Томаш Парти го постави конечниот резултат.

Во третото коло на 31 август, Арсенал ќе го пречека Брајтон, додека Астон Вила ќе игра против Лестер.

Scroll to Top