Top Sport

(Видео) Асенсио се запиша во историја на Премиер лигата

Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио нема по добро да го памети мечот со Саутемптон иако неговиот тим победи без проблеми на теренот на последнопласираниот тим во лигата.

Поранешниот играч на Реал Мадрид го одбележа натпреварот со два промашени пенали, во 69. и 94. минута. Така стана четвртиот играч во историјата на Премиер лигата кој промашил два пенали на еден натпревар.

Навистина реткост…

„Понекогаш се случуваат вакви работи, најважно е да продолжиме да се трудиме. Среќен сум освоивме три бода. Им благодарам на навивачите за поддршката“, напиша Асенсио по натпреварот.

Голманот на „светците“ Арон Рамсдејл се прослави, одбрани два пенали.

Инаку, Асенсио го промаши првиот пенал кога резултатот беше 0:0, а вториот кога Астон Вила имаше водство 3:0.

Инаку, Саидо Берахино е последниот играч, пред Асенсио, кој промаши два пенали, на натпреварот на ВБА за кој играше, против Вотфорд во 2016 година.

И двата удари ги одбрани Еурелио Гомеш.

Интересно, Гомеш го одбележа мечот и шест години порано, тогаш во дресот на Тотенхем, со два одбранети пенали на мечот со Сандерленд, кога ги одбрани ударите на на Дарен Бент (при триумф на Сандерленд од 3:1).

Бент потоа искористи еден од трите пенали.

Прв кој не успеал да искористи два пенали во Премиер лигата бил Хуан Пабло Анхел од Астон Вила. Едвин Ван дер Сар, тогаш голман на Фулам беше успешен два пати против играчот на Вила. Тој натпревар заврши со резултат 1:1.

Scroll to Top