Фудбалерите на Астон Вила го победија Нотингем Форест со 3:1 во 20-то коло од Премиер лигата.
Фудбалерите на Вила им се вратија на победите, по тешкиот пораз од Арсенал. Вила сега има 12 победи на последните 13 натпревари, девет од 10 во Премиер лигата.
При првиот гол, го постигна Оли Воткинс, откако во блокот доцнеше Миленковиќ. Англискиот репрезентативец брилијантно ја погоди мрежата од далечина.
Кај вториот гол, Миленковиќ се обиде да го блокира Мекгин, но Шкотланѓанецот беше побрз и го дуплираше водството на Астон Вила. Гибс-Вајт им донесе надеж на гостите, но набрзо натпреварот беше решен.
Последната линија на Нотингем Форест стоеше катастрофално, што го искористи Мекгин. Нејасно е во таа ситуација зошто Џон Виктор беше надвор од својот гол, што го искористи играчот од средниот ред на домашниот тим и ја погоди празна мрежа од околу 30 метри.
