Top Sport

(Видео) Астон Вила преку Тотенхем до петтата рунда во ФА купот

Тотенхем ја продолжи серијата лоши резултати во сите натпреварувања во кои настапува. Вечерва Тотенхем доживеа елиминација и од ФА купот. На „Вила парк“ во Бирмингем, Астон Вила, во четвртата рунда го победи Тотенхем со 2.1.

Проблемите на тренерот Ангелос Постекоглу стануваат се поголеми, а сега темата за неговото заминување од клупата на Спарс не е невозможна.

Откако беше елиминиран во Лига купот од Ливерпул со 4:0, Тотенхем го заврши и учеството ФА Купот.

Астон Вила значително се засили во овој зимски преоден рок, а на овој натпревар ги видовме сите нови ѕвезди на тимот на Унаи Емери.

Дони Мален го започна мечот, додека шанса подоцна од клупата добија Марко Асенсио и Маркус Рашфорд.

Вила поведе уште во првата минута преку Џејкоб Ремзи, на асистенција на Морган Роџерс.

Роџерс, по асистенцијата, постигна и гол во 64. минута.

Матис Тел му даде надеж на Тотенхем дека може да избегне пораз со неговиот прв гол во дресот на лондонскиот тим, но до крајот тимот од Лондон не успеа сериозно да се закани.

Scroll to Top