Top Sport

(ВИДЕО) Атлетико Мадрид во Сеул го победи европскиот првак Манчестер Сити

Манчестер Сити го доживеа првиот пораз после 28. мај кога загуби од Брентфорд во Премиерлигата со 1:0. Европскиот првак загуби од Атлетико Мадрид со 2:1 во пријателски натпревар во Сеул, Јужна Кореја.

Атлетико Мадрид во 67. минута дојде во водство. Мемфис Депај упати силен и прецизен удар од далечина и ја погоди мрежата на Манчестер Сити.

Јаник Караско седум минути подоцна зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Рубен Дијаш во 85. минута.

 

Scroll to Top